АМЕЛ МАЛЕСКИ: ЈАС СТАНАВ МЕЃУНАРОДЕН, А ВИЕ­?

Почитувани студенти,

Како одличен ученик во средно образование, пред себе имав поставено високи цели, имав огромна желба за лична и професионална надoградба, желба за успех и бев во истата ситуација, во која се наоѓате сега вие…. Што понатаму? Бев пред многу тешка одлука! Од секогаш ја сакав економијата и сакав таа да стане дел од мојот живот, од моето секојдневие. Знаев дека сакам да студирам економија, но главното прашање беше КАДЕ? Истражував многу, размислував, ги споредував сите можни опции. Така, мојот избор падна токму на Меѓународниот Универзитет во Струга. Тој ја доби мојата доверба, и времето покажа дека мојата одлука била правилна, зошто МУС не само што ги исполна моите очекувања, туку и ги надмина. Во текот на студирањето постојано ние-студентите имавме поддршка од врвниот кадар на МУС, кои не беа само наши професори, туку и наши колеги, советници, кои секогаш не туркаа напред – кон успехот и секогаш имаа одговор на сите наши прашања, барања и потреби. На МУС запознав еден нов свет, поинаков, модерен, современ, свет во кој сите се слушаме и разбираме помеѓу себе, свет во кој за прв пат професор одделува време за да го ислуша својот студент. Се чувствував како да живеам во иднина. Целата атмосфера во МУС неизмерно ме охрабруваше, знаев дека сум на вистинскиот пат и на вистинското место, знаев дека МУС ми даде се, па на мене остануваше само да продолжам да се трудам…. патот кон успехот ми беше осветлен… на мене остануваше само да го изодам.

Маркетинг и финансиски менаџмент… звучи привлечно, но и одговорно, бараше многу напор, труд и учење, но за среќа целиот тој товар никогаш не остануваше само на мене. Секогаш кога ќе наидев на потешкотија, веднаш доаѓаше и поддршка од академскиот кадар на МУС, преку доставување на дополнителни материјали, давање на дополнителни објаснувања, но и организирање на дополнителни предавања. На овој начин потешкотите уште пред да се појават, исчезнуваа.

На МУС за многу кратко време го усовршив англискиот јазик и се одлучив “како типичен економист“, да остварам и економски бенефит. Така се пријавив и станав дел од програмата “Work and travel”.  Целата процедура околу одењето во САД помина многу едноставно, бидејќи со оглед на реномето кој го има МУС, веднаш добив американска виза, и ми беше обезбедена работа во САД. Во САД бев 5 месеци, во See Isle City – New Jersey, и таму за многу кратко време видов еден нов свет за мене, запознав нови луѓе и стекнав многу пријателства, кои траат и до ден, денес. Ова искуство во САД беше само 5 месец, а вредеше како цел живот! Кога се вратив, дипломирав на МУС и веќе знаев што треба да правам. Веднаш ја реализирав мојата бизнис идеја и отпочнав со нов бизнис. Бизнисот беше искучително успешен и траеше 6 години. Заврши, заради тоа што добив понуда, која не се одбиваше. Имено, работам како генерален менаџер во Виена – Австрија во една Австриска компанија. Сега повторно се е оставено на мене. Но сега не се плашам, поминав низ многу филтри во текот на студирањето, научив да се справувам со предизвици и да излегувам како победник. И сега немам сомнежи, знам дека повторно ќе победам, бидејќи доаѓам од победнички тим. ЈАС СТАНАВ МЕЃУНАРОДЕН, А ВИЕ?

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *