АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРЕСТОЈ НА UNIPEGASO UNIVERSITY ОД НАПОЛИ, ИТАЛИЈА
Согласно со билатералниот Еразмус + договор и Меморандумот за соработка, кој што Меѓународниот Универзитет во Струга ги склучи со UNIPEGASO UNIVERSITY , се отвора можност за студентите и академскиот кадар на МУС да одат на студентски престој во траење од еден семестар или една година на UNIPEGASO UNIVERSITY, Наполи, Италија. UNIPEGASO UNIVERSITY е приватен универзитет од Италија, основан во 2006 година, кој што е најпознат по примената на концептот DISTANCE LEARNING.
Ги повикуваме сите студенти кои се заинтересирани за студентски престој на UNIPEGASO UNIVERSITY да аплицираат во канцеларијата за меѓународна соработка на МУС.