Врвни Универзитети партнери на МУС

МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА – УНИВЕРЗИТЕТ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ДОГОВОРИ ЗА СОРАБОТКА СО ТОП 500 УНИВЕРЗИТЕТИ СПОРЕД  ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА

Покрај исклучителната успешност во работењето на МУС во многу области, посебно место зазема меѓународната соработка. Имено, МУС во изминатиот период има развиено многу широка мрежа на партнер – универзитети, како од Европските земји, така и од САД, Канада, Јапонија, Кина, Австралија, Бразил и други земји. Она што дава посебна тежина и значење на меѓународната соработка се договорите за соработка со универзитетите кои се наоѓаат на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот. Сигурно е дека МУС е универзитет со најголем број на договори за соработка со топ 500 универзитети во Република Македонија, а помеѓу позначајните се: Универзитетот од Калифорнија Ирвин – САД, Државниот Универзитет од Мичиген – САД, Универзитетот Сан Паоло – Бразил, Универзитетот од Киел – Германија, Универзитетот од Милано – Италија, Универзитетот од Фиренца – Италија, Универзитетот од Сзегед- Унгарија, и други универзитети. Можноста за воспоставување на соработка со најдобрите универзитети ја имаат само оние кои практикуваат и почитуваат високи стандарди и критериуми во наставно-обрзовниот процес, според тоа овие договори се најдобра потврда дека токму МУС го нуди тоа.

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *