ДВОЈНИ ДИПЛОМИ ОД ПРЕСТИЖНИ УНИВЕРЗИТЕТИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Поседувањето на диплома од некој од реномираните Европски универзитети е непроценливо богатство. Сепак, со оглед на трошоците за школување во Европските земји, можноста за школување на престижните Европски универзитети е сеуште за жал недостижна за голем број на студенти од Република Македонија, но и од соседните земји. Од тие причини, МУС во изминатиот период стави посебен акцент на склучување на договори за двојни дипломи, со што на своите студенти им овозможи добивање на дипломи од врвни европски универзитети, без притоа да бидат оптоварени со високи школарини и трошоци за живот во Европските земји. Помеѓу позначајните Европски универзитети со кои МУС има склучено договори за двојни дипломи се: Универзитетот од Сзегед – Унгарија, Универзитетот од Неапол – Луиџи Ванвители – Италија, Универзитетот од Стерлинг – Велика Британија, Универзитетот Одлар Јурду – Баку, Азербеџан, Универзитетот за Општествени Науки од Лодз – Полска и други. На крај треба да се напомене дека во завршна фаза се и преговорите за склучување на договор за двојни дипломи со Оксфорд Брукс Универзитетот – еден од најреномираните универзитети во Велика Британија, со што дополнително ќе се збогати и така богатата понуда на универзитети од кои студентите на МУС може да добијат диплома.

 

Leave A Reply

Your email address will not be published.