ДВОЈНИ ДИПЛОМИ СО ПРЕСТИЖНИОТ OXFORD BROOKES UNIVERSITY ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Огромно достигнување на МУС!!! Отсега студентите на Меѓународниот Универзитет во Струга ќе имаат можност да добијат диплома од врвниот Oxford Brookes University од Велика Британија. Согласно со договорот помеѓу двете институции, студентите на МУС ќе можат по завршување на третиот семестар на Меѓународниот Универзитет во Струга да го продолжат своето образование на Oxford Brookes University во Велика Британија, со што на крајот на студирањето ќе се стекнат со две дипломи, една на Меѓународниот Универзитет во Струга и друга диплома на Oxford Brookes University. Поседувањето на диплома од овој универзитет отвора широки перспективи и можности за нашите студенти, како за идно вработување било каде во светот, така и за продолжување на образованието на врвните светски универзитети.

Oxford Brookes University  е државен универзитет од Англија, чии корени датираат уште од далечната 1865 година. Во текот на изминатиот период поминал низ повеќе трансформации во однос на својот образовен статус, а официјално како универзитет започнува да функционира од 1992 година. Универзитетот се наоѓа на листата на 50 најдобри универзитети во светот во 2018 година  кои се помлади од 50 години, и е единствениот универзитет од Англија, кој се наоѓа на оваа листа.

 

Progression Letter August 2018

 

 

 

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *