ДИПЛОМИТЕ НА МУС ОД СИТЕ ТРИ ЦИКЛУСИ НА СТУДИИ ПРИЗНАЕНИ ОД НАЈВИСОКОТО ТЕЛО ЗА НОСТРИФИКАЦИЈА НА ДИПЛОМИ FOREIGN CREDIT (ЧЛЕН НА AICE)

Огромна потврда за меѓународната репутација и вреднувањето на дипломите на МУС во меѓународни рамки пристигна од САД. Имено, дипломите на студентот Д-р Стефан Вељановски стекнати на Меѓународниот Универзитет во Струга на сите три циклуси на студии се признати од страна на највисокото тело за нострификација на странски дипломи во САД, Foreign credit, кој е член на AICE. Она што дава дополнителна тежина на нострификацијата на дипломите на Стефан Вељановски е фактот што истите се признаени како “regionally accredited university in the united states” што е највисоко признание кое може да се стекне во САД, и кое се доделува само при нострификација на дипломи издадени од врвни  светски универзитети. Со признавањето на овие дипломи без потреба од дополагање на ниту еден дополнителен испит, Д-р Стефан се стекна со истите права како и сите студенти кои поседуваат дипломи од врвни американски универитети. Дипломите кои се признаени во САД и кои се стекнале со ваква нострификација им овозможуваат на нивните сопственици да аплицираат за работа во најреномираните компании. Со оглед на фактот што и дипломата од трет циклус на Стефан го доби истото тоа признание, се надеваме дека за многу скоро Д-р Стефан ќе не извести дека веќе предава на некој од најреномираните американски универзитети.

Нострификацијата на дипломите од сите три циклуси на студии во САД е дополнение на низата на дипломи на МУС кои без никаков проблем се признаваат насекаде во светот. Фактот што САД е земја со најразвиен образовен систем во светот, и таа земја без никаков проблем ги признава дипломите на МУС на сите циклуси на студии, силно ја потврдува меѓународната репутација и углед на МУС.

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *