Маријана Китаноска: Бескрајна благодарност до МУС

Во потрага по нешто ново, во желба да видам како се одвива наставата на врвните универзитети, се одлучив да ја искористам Еразмус + програмата за размена на студенти. Имав огромна среќа да студирам токму на МУС, бидејќи МУС е еден од ретките универзитети на Балканот кој има договори за размена со огромен број на престижни универзитети кои се наоѓаат на листата на 500 најдобри универзитети во светот. Помеѓу големиот број на врвни универзитети, мојот избор падна токму на најдобриот, највисоко рангираниот универзитет од Германија – Универзитетот од Киел.

Бескрајно сум благодарна на мојот Универзитет – МУС, кој ми овозможи да станам дел од најстариот, најголемиот и најдобриот универзитет во Германија. Не можам да верувам дека поминаа повеќе од шест месеци од кога заминав за Киел. Спомените ми се сеуште свежи, како се да беше пред еден час. Одеднаш се најдов помеѓу толку нови луѓе од различни држави од целиот свет, во непознат милионски град, кој за многу кратко време почнав да го чувствувам како мој втор дом. Првите неколку денови од престојот ми поминаа во запознавање со “моите колеги’’  и во запознавање на околината. Бев сместена во еден од најубавите студентски домови во Германија. Искуството кое го добив на Универзитетот од Киел има непроценлива вредност. Цел живот ќе ги паметам огромните амфитеатри, огромниот кампус и невидените за наши услови научно-истражувачки центри. Уште еднаш, неизмерно му благодарам на МУС, не само што ми овозможи да бидам дел од сето тоа, туку што и во текот на целиот мој престој во Киел, професорите на МУС беа во постојан контакт со мене и ми пружаа помош и поддршка за се што ми требаше. Ова е искуство кое ми ги прошири хоризонтите и погледите, искуството кое ме осозреа на еден сосема поинаков начин, и кој ја збогати мојата професионална биографија со студентски престој на најдобриот универзитет во Германија – Универзитетот од Киел.

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *