МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО COLLEGE OF INTERNATIONAL AND PUBLIC RELATIONS – PRAGUE

Меѓународниот Универзитет во Струга склучи договор за соработка со реномираниот колеџ од Прага, Чешка – College of International and Public Relations Prague. Станува збор за колеџ кој е исклучително специјализиран за студиски програми од областа на меѓународни и јавни односи. Колеџот започнал со работа во 1999 година.

Во меѓународни рамки колеџот е познат по својот врвен академски кадар, кој вклучува еминентни професори, кои истовремено извршуваат и значајни политички функции, како амбасадори, министри, вицепремиери, и слично.

Со договорот за соработка кој што се склучи помеѓу двете институции е предвидено размена на студенти, работа на заеднички проекти и истражувања, организирање на заеднички конференции, семинари, летни школи, но и продлабочување на соработката преку склучување на договор за двојни дипломи.

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *