ПРЕСТИЖНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД ТОРИНО  – НОВ ПАРТНЕР НА МУС

Меѓународниот Универзитет во Струга продолжува да бележи исклучителни успеси на полето на меѓународната соработка. Нов во низата на универзитети кои се наоѓаат на листата 500 најдобри универзитети според Шангај, а кој се партнери на МУС е Универзитетот од Торино. Станува збор за универзитет кој се смета за еден од најстарите, не само во Италија, туку и во светот. Универзитетот бил основан во далечната 1404 година. Рангиран е на 5то место во Италија според севкупните перформаси, и на 3то место според научно – истражувачките активности. На Шангајската листа на најдобри универзитети во светот, Униуверзитетот од Торино се наоѓа помеѓу 100-200 место.  Во рамките на универзитетот функционираат 12 факултети и 55 департмани, на кои студираат повеќе од 67.000 студенти.

На Универзитетот од Торино имаат студирано голем број на еминентни личности од Италија, но и надвор од неа, како што се поранешниот премиер на Италија – Giovanni Giolitti, вториот и петтиот претседател на Република Италија  – Luigi Einaudi и Giuseppe Saragat, поранешниот претседател на FIAT – Gianni Agnelli, како и голем број на други познати личности од областа на литературата, филозофијата, новинарството, природните науки, бизнисот, правото и политичките науки.

Со склучувањето на Еразмус + договорот помеѓу Универзитетот од Торино и МУС се овозможува размена на студенти и академски кадар помеѓу двата универзитети во рамките на Еразмус + програмата. Тоа е уште една одлична прилика за студентите на МУС да посетат врвен универзитет во траење од еден или два семестри.

МУС ги повикува своите студенти да ја искористат оваа прилика и да аплицираат за студентски престој на Универзитетот од Торино уште во следниот семестар.

Leave A Reply

Your email address will not be published.