СТЕФАН ВЕЉАНОВСКИ: ЈАС ОДЛУЧИВ,  СЕГА ОДЛУЧЕТЕ ВИЕ!

Како студент на Факултетот за Економски Науки при Меѓународниот Универзитет во Струга постигнав огромен напредок како на личен, така и на професионален план. Уште од самиот почеток на студиите, академскиот кадар ме пречека со раширени раце во една амбициозна атмосфера, во која студентите се охрабруваат да станат независни и да се стекнат со исклучителни вештини кои ќе им служат, како во сегашноста, така и во иднината.  Академскиот  кадар на МУС постојано ја поддржуваше идејата за развој на “бура од идеи“, со што ги стимулираше нашите креативни способности, комбинирајќи ги истовремено со традиционалните методи на учење.

На универзитетот постојано имаше еминентни гости од државата, но и надвор од неа, кои држеа предавања пред студентите. Се развиваа активни дебати на кои учествуваа студенти од различни факултети, со што  темите се разгледуваа од различни перспективи и се водеше една мултидисциплинарна расправа, која беше несебично поддржана од нашите професори и асистенти. Дополнителна и уникатна вредност, односно богатство на Меѓународниот Универзитет во Струга е неговата местоположба, која е на самиот брег од Охридското Езеро. Тоа овозможува  незаборавен поглед, кој е идеален за релаксација во периодот помеѓу часовите и после завршување на предавањата. Мултикултурниот карактер на универзитетот овозможува дружба помеѓу студенти од различни култури и националности, кои заедно излегуваат на кафе во студентското бифе или во градот Струга.

Одличното искуство кое го имав со Меѓународниот  Универзитет во Струга во текот на додипломските студии, ме натера да ги продолжам и моите последипломски и докторски студии од областа на економијата на МУС. Иако имаше опција да го продолжам своето образование во САД, каде живеам, сепак искуството кое го имав со МУС, но и меѓународното признавање на дипломата на МУС, ме натераа да продолжам со моите студии на МУС.  Студирањето на МУС, ми овозможи континуирано да “растам“на личен план, и ми овозможија да бидам  дел од “Школата за Млади Лидери“ на Претседателот на Република Македонија – Ѓорѓи Иванов.  Од мое сопствено искуство, ги охрабрувам идните студенти да го изберат МУС,  за да се развиваат како на личен, така и на професионален план.

Leave A Reply

Your email address will not be published.