УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ПЕРУЏА – НОВ ЕРАЗМУС + ПАРТНЕР НА МУС

Врвниот, престижен Универзитет од Перуџа, Италија е новиот Еразмус + партнер на МУС. Станува збор за универзитет чии корени датираат од далечната 1308 година. На универзитетот студираат повеќе од 30.000 студенти,  на 11 факултети и 29 департмани. Во својата долгогодишна историја, која трае повеќе од 7 века, универзитетот бил дом на голем број еминентни научници, истражувачи, помеѓу кои се и Luca Pacioli, кој се смета за “татко“ на сметководството и Albericus Gentilis, основачот на меѓународното право како наука. Врвните перформанси на Универзитетот од Перуџа се потврдуваат и со фактот што универзитетот континуирано се наоѓа на листата на 500 најдобри универзитети во светот, според Шангај.

Со склучувањето на новиот Еразмус + договор со Универзитетот од Перуџа, на студентите, но и на академскиот кадар на МУС им се овозможи да одат на студентска размена на еден од најстарите универзитети во светот, кој истовремено важи за еден од најразвиените истражувачки центри во Европа.

МУС ги повикува своите студенти веќе од наредниот семестар да аплицираат за студентски престој на Универзитетот од Перуџа и да ги искористат можностите кои им ги нуди овој договор.

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *