МУС НУДИ МОЖНОСТ ЗА ДВОЈНИ ДИПЛОМИ ОД РЕНОМИРАНИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО САД

Една од основните цели на Меѓународниот Универзитет во Струга е на своите студенти да им обезбеди сигурна и просперитетна иднина. Во таа смисла МУС интензивно работи на зголемување на договорите за двојни дипломи, со што им овозможува на своите студенти да се стекнат покрај со дипломата на МУС и со диплома на некој реномиран светски универзитет. Со оглед на фактот што САД имаат еден од најразвиените образовни системи во светот, но и со оглед на тоа што голем број на студенти планираат своето образование да го продолжат во САД или таму да живеат, МУС става посебен акцент на склучување на договори за двојни дипломи со универзитети од САД. Оттука, преку посебно дизајнираните програми 2+2 за добивање на двојни дипломи, МУС има воспоставено успешна соработка со голем број на реномирани универзитети во САД. Помеѓу позначајните институции со кои МУС има договор за двојни дипломи се договорите со: American Heritage University, Clarion University of Pennsylvania, Tennessee Tech University, Virginia International University, и други. Во однос на можноста да се добијат двојни дипломи од универзитети од САД вреди да се спомене и договорот за соработка којшто МУС го има со Green River College, а кој овозможува после завршување на две години од студиите на МУС, студентите да го продолжат своето образование на некој од врвните универзитети во САД кои се наоѓаат на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети, и да се стекнат со диплома и од некој од овие универзитети.

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *