Институтот за Европјанистика и меѓународна политика е основан во текот на 2009 година, како научно-истражувачка иституција во состав на Меѓународниот Универзитет во Струга. Основната дејност на Институтот е научно-истражувачката работа во областа на европските студии, правото на ЕУ, политиките на ЕУ и меѓународната политика, како и оспособување и усовршување на научно-истражувачките кадри, создавање и развој на научно-истражувачка инфраструктура, издавачка дејност, како и други активности непосредно поврзани со основната дејност.
Институтот за Европјанистика и меѓународна политика е институција која работи во согласност со овој Универзитетски Центар и ќе ги следи нејзините цели. Институтот за Евроијанистика и меѓународна политика во чест на „ Роберт Шуман“ името го доби од личноста која што важи како една од клучните имиња за европската интеграција, од големо значење е да се истакне главната цел на Институтот за Евроијанистика и меѓународна политика Струга а тоа е да придонесе кон подготвување на кадри кои ќе бидат комплетно подготвени да се справат со предизвиците за Евро интеграција.
Мисија на ИЕМП
Да придоноесе кон развојот на демократијата во институциите и на општеството и да го промовира процесот на Евро интегарцијата; високо квалификуваниот кадар на институтот кој ќе работи во склоп на Меѓународниот Универзитет Струга гарантира за квалитетот на услугите, ефикасноста, професионалниот однос и довербата.
ИЕМП работи во областа на:
- Евро- Атланска Интеграција
Главните Цели и Стратегија на ИЕМП се:
- Промовирање на демократизацијата:
Со зголемената потреба од прифаќање и примена на реформите потребни за доближување до развиените демократски општества во одредени области како добро владеење, одговорност, почитување на човековите права и транспарентност. Главна целна група на оваа едукативно застапувачка работа е јавноста и сите области на општественото (државното) делување.
- Промовирање на доброто владеење:
Да се натера јавната администрација да биде по одговорна, со посебна цел да се зголеми транспарентноста на власта.
- Промовирање на Интеграцијата во Европската Унија и структурите на НАТО:
Со набљудување на Закони и политики, отценувајќи го усогласувањето помеѓу легислативата и применувањето на политиките давајќи при тоа насоки за постигнување на нормите и стандардите од Европската Унија. ИЕМП е фокусиран за обезбедување на соодветено урамнотежување помеѓу власта и останатите државни и општествени ограноци.
· Промовирање на Институционалните Реформи:
Со применување на нови начини и методи во пратнеството со локалната администрација за промовирање на транспарентноста, одговорноста и за достигнување на стандардите кои ги има Европската Унија во добрите административни примери. Област на делување на ИЕМП е логистичка поддршка и анализирање на општината и локалната власт.
· Зголемување на борбата против корупцијата:
Со активна употреба на Законот за слобеден пристар до информации и обезбедувајќи во заштита, обука и судска застапеност за правото на информирање.
· Промовирање на Родова Еднаквост:
Со јакнење на јавната свест за значењето и влијанието на жената во животот како и за демократизацијата на институциите.
· Промовирање на Независни Медиуми, Општи и Професионални: Како четврта власт медиумот може да има позитивна улога за зачувување и одбрана на демократските стандарди и врз проширување на разбирањето и значењето на Европската Интеграција, но и после повеќегодишен транзитивен период сепак е под нивото на најзиниот целосен потенциал. Од една страна медиумите сеуште се среќаваат со преголеми ограничувања, со употребување на Законот за криминалните кудења како и преширокото употребување на Законот за државни тајни. Од друга страна, на медиумите им недостатува независност од страна на политичкиот блок, обуки и сл., и поради тоа вклучени се и придонесуваат во зголемување на омразата, расната, етничката, половата дискриминација и слично. ИЕМП се стреми да го спречи и да придонесе кон промена на сето ова со законска работа и со обучување на новинарите со цел да го промовора унапредување на медиумите а тоа ќе придонесе за чекор понапред кон Европските стандарди.
· Промовирање на ургентната потреба за реформи и интеграцијата во безбедносните Евро- Атлански структури.
Имајќи во предвид дека сме еден дел од Европа каде често имало конфликти од различен карактер. ИЕМП ќе биде авангарда на организациите чија цел ќе бидат реформите во безбедносните организации, како и ургентната потреба од интеграција во Евро- Атланските безбедносни структури, придонесувајќи при тоа обезбедување на побезбедни услови за живеење во нашиот регион.