Договор за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Со Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, нашата држава, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, ќе имаат можност за Меѓусебното признавање на дипломите. 

Ова е голем чекор за образовниот систем во Северна Македонија и регионот, бидејќи ќе ја поттикне академската мобилност, научно-истражувачката работа и регионалниот развој. 

Надминувањето на предизвиците во делот на високото образование ја потврдува посветеноста на Западен Балкан кон целосната регионална интеграција, а со тоа и интеграција во ЕУ.

Leave A Reply