ИНСТИТУТОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЕКОЛОШКИ МЕНАЏМЕНТ

ВИЗИЈА И МИСИЈА

„ Секогаш ќе бидеме чекор напред од актулената состојба, доволно далеку за да не може да нé надмине времето и доволно блиску за да можат да нé пратат нашите следбеници.“

Институтот за Економски развој и еколошки менаџмент е основан во текот на 2009 година, како научно-истражувачка иституција во состав на Меѓународниот Универзитет во Струга.  Основната дејност на Институтот е научно-истражувачката работа во областа на економските науки, менаџментот на животната средина, оспособување и усовршување на научно-истражувачките кадри, создавање и развој на научно-истражувачка инфраструктура, издавачка дејност, како и други активности непосредно поврзани со основната дејност.

Институтот за Економски развој и еколошки менаџмент, се развива како водечка научно-истражувачка институција во процесот на создавање и пренос на знаењето и искуството со цел управување на динамичниот и одржлив економски развој на земјата, употребувајќи еден проактивен настап во однос на окружувањето и процесите на транзиција. Научно – истражувачките активности се спроведуваат во согласност со потребите на динамичниот економски и општествен развој.  Институтот за Економски развој и еколошки менаџмент несебично ги доставува своите професионални и советодавни услуги од областа на корпоративната стратегија, финансиите, изработка на бизнис планови, студии и пазарни анализи, анализи и мерки за заштита на животната средина, како и развој и унапредување на истата, едукација на кадри и др.

Институтот за Економски развој и еколошки менаџмент здружува стручни лица и експерти од областа на макро и микро економијата, развојот на човечките ресурси, деловното работење, екологијата и развојот на животната средина, интегративните процеси и ЕУ и меѓународната економија.

Институтот создава и работни тимови за различни видови на обука, помош и асистенција во работата на компаниите и другите институции, со цел постигнување на ефективност во донесувањето и имплементацијата на новите правила и регулативи во процесот на развој на пазарната економија.    

Институтот за Економски развој и еколошки менаџмент е заснован на принципите на академската совршеност и неутралност. Таа е независна истражувачка и советодавна институција посветена на вредностите на слободната пазарна економија и грижата за здрравата и чиста животна околина. Секако како комплементарност на ова е создавањето на високо квалификуваниот кадар кој ќе гарантира за квалитетот на услугите, ефикасноста, професионалниот однос и доверба. Притоа се тргнува од фактот дека образованието и континуираната интелектуална надоградба има клучна улога во отварањето на нови видици и во поттикнивањето на промени и развој на правниот, економскиот, политичкиот и културниот развој на општеството. Впрочем, ниедна земја не може да обезбеди вистински еволутивен и одржлив развој без квалитетно образование и квалитетни  установи кои своите ориентации ги темелат на општествените цели и потребите на пазарот на трудот.

Во овој милениум  образованието се соочува со големи предизвици на длабоки реформи ширум светот кои резултираат од брзиот развој на новите информациони и телекомуникациски системски технологии, огромниот напредок на науката и развојот на разновидните академски дисциплини и друго.

 

Главните Цели  на ИЕРЕМ се:

ИЕРЕМ работи во областа на Економскиот развој  и еколошки менаџмент. Имајќи ги во предвид четирите чинители на економскиот развој јасно е дека главните насоки на делување на Институтот ќе се сосотојат во анализа следење и делување и иницирање на динамика истите.

  • Индикации и можни делувања на демографските фактори (работната сила, нејзиниот квалитет, дисциплинираноста и нејзината мотивациај, природното богатство), Земјите како што е Р. Северна Македонија главно се карактеризираат со голем процент на нискоквалификувана работна сила, без потребната и доволната работна дисциплина, па поради самата необразованост на работодавците и демотивираност и незадоволство кај работната сила. Незнаењето, нестручноста или застареното знаење што ја прави работната сила несоодветна се главните предизвици за Институтот. Перманентното учење и континуираната наобразба, формирањето и промовирањетои на општествената одговорност и еколошка одговорност на поединецо се главни приоритети во нашето работење, затоа што сите останати чинители на економскиот развој можат да се купат, а само овој може да се создаде.
  • Индикации за расположивите природните ресурси и нивно оптимално менаџирање – се знае дека природните ресурси се ограничени. Р. Северна Македонија е богата земја од овој аспект. Суштината на овој приоритет се сосотои воизнаоѓање на начини за нивно оптимално искористување, како и изнаоѓање на алтернативни извори и облици на енергија и други видови на ресурси кои ќе бидат пријателски ориентирани кон животната средина.
  • Индикација и анализа на капиталот – капиталот, неговото движење и алокација се од суштинско значење за економскиот развој. Недостатокот од домашно штедење, недовербата кон банкарскиот сиситем, кризата, рецесијата что го тресе Светот сиве овие се чинители кои треба да им се предочат не само на нашите студенти туку пред се треба да се објаснат последиците и мерките кои би предизвикале пеглање или неутрализациај на тие ефекти.
  • Искористување на достигнувањата на технологијата и иницирање и стимулирање на иновативниот и претприемачки дух. Се знае дека основна сила со сила на креативна деструкција е технологијата. За нејзе не секогаш треба многу капитал, за нејзе треба извонредни умови. Тоа е нашата цел создавање на умови кои користејќи ги благодетите на технилогијата ќе создадат апликативни модули во различни сфери на човековото живеење