Работи и студирај – МУС
„Работи и студирај“, е можност за вработување за студенти кои ги продолжуваат своите постдипломски студии на нашиот Универзитет. Добивањето на работното место зависи од финансиските услови и потреби на студентите, но и од претходно постигнатиот успех во текот на студиите. Работните позиции на кои студентите можат да се вработат на Универзитетот се: студентска служба, библиотека, компјутерски лаборатории и др. Финансиските приходи кои ќе се остварат врз основа на одработените часови, студентите ќе можат да ги искористат за плаќање на нивната школарина за постидпломските студии.
Меѓународниот Универзитет во Струга во соработка со бизнис секторот во Струга, им овозможува работа на сите студенти кои сакаат да работат по часовите. Работењето за време на студиите е финансиско олеснување за студентскиот буџет, бидејќи минималната плата на студентите е 18.000 денари (300 евра), додека пак месечната рата за покривање на школарината е (160 евра), што е добра опција за покривање на трошоците за школување. Универзитетот им овозможува на студентите да избираат од различните понудени работни места, за кои студентите постојано се известуваат за слободните работни места преку е-пошта.