Стручен академски кадар
Современи наставни програми
Бесплатно сместување во Струга
Историја
International University of Struga
За нас
International University of Struga
Кои сме ние?
Меѓународниот Универзитет во Струга е високообразовна институција акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Нашето патување како „Евро колеџ“ го започнавме во учебната 2007/2008 година со четири факултети: Факултет за економски науки, Правен факултет, Факултет за информатички технологии и Факултет за политички науки. Сепак, продолживме да работиме како универзитет кој не се плаши да ги прави работите поинаку и да одговараме на секојдневните предизвици. Затоа во 2008 година добивме акредитација од страна на Министерство за образование и наука на Република Македонија за два нови институти, Институтот за европски студии и меѓународна политика и Институтот за економски развој и еколошки менаџмент,. Ова беше една од главните причини зошто решивме да го смениме името на Универзитетот и да го ребрендираме во „Меѓународен Универзитет во Струга“.
Охрабрен од поддршката на многу домашни и странски институции, одржувајќи ја јасната визија и мисија, Меѓународниот Универзитет во Струга постојано се развива и се стреми да стане глобален универзитет. Продолжуваме да инвестираме во нашите студенти, кадар, алумни.
Денес, МУС е првиот приватен универзитет на Балканот официјално прифатен како полноправна членка на Европската асоцијација на универзитети-ЕАУ. Членството во ЕАУ е една од најголемите придобивки што овозможува и најголем професионален и академски напредок на МУС во развојот на високото образование не само во Македонија туку и во регионот.
Нашата мисија
Главната цел на Меѓународниот Универзитет во Струга е да ги негува најкомпетентните дипломирани студенти во регионот, студенти кои се меѓународно квалификувани; кои може да размислуваат самостојно и креативно. Меѓународниот Универзитет во Струга има за цел да работи и да им помага на студентите преку употреба на креативни стратегии; најнова надградена технологија, нови методи на настава и практикување на теоретското знаење во секојдневниот живот. Нашата мисија е да едуцираме поединци кои ги ценат етичките вредности и кои можат со својата самодоверба и креативност да заземат лидерски позиции било каде во светот. Спомнавме дека ни се важни етичките вредности. Затоа, нашите студенти се најдобар пример за мултиетничка меѓусебна соработка; тие се модел кој покажува како да се поврзат различните култури и да ги почитуваат сите подеднакво.
Меѓународниот Универзитет во Струга е посветен на глобален напредок, просперитет, диверзификација, општествена одговорност и локално функционирање.
Меѓународниот Универзитет во Струга едноставно има за цел да го подигне нивото на високото образование не само во Македонија туку и во регионот.
Меѓународниот Универзитет во Струга е високообразовна институција акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Во рамките на Универзитетот се акредитирани следните факултети: Факултет за економски науки, Правен факултет, Факултет за информатички технологии и Факултет за политички науки.
Започнавме како „Евро колеџ“ во учебната 2007/2008 година и во 2008 година стекнавме акредитација за два нови институти од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија, Институтот за европски студии и меѓународна политика и Институтот за економски развој и еколошки менаџмент,. Ова беше една од главните причини зошто решивме да го смениме името на Универзитетот и да го ребрендираме во „Меѓународен Универзитет во Струга“.
Охрабрени од поддршката на многу домашни и странски институции, одржувајќи ја јасната визија и мисија, продолжуваме да чекориме напред без оглед на тешкотиите. Бевме поддржани од Британскиот универзитет – „Кензингтон колеџ за бизнис“, угледната и призната консултантска група „Hy Grade“, истражувачкиот центар „Европска лиценца за бизнис компетентност“ (EBCL), „Британска бизнис група“ (чија задача е студирање специфични индустриски стандарди). Значајна поддршка дојде и од Колеџот во Лондон – „Лондон сити колеџ“, институции, со кои соработката сè уште продолжува.
Денес, МУС е првиот приватен универзитет на Балканот официјално прифатен како полноправна членка на Европската асоцијација на универзитети-ЕАУ. Членството во ЕАУ е една од најголемите придобивки што воедно обезбедува најголем професионален и академски напредок на МУС во развојот на високото образование не само во РМ туку и во регионот.
Почитувани,
Добредојдовте на „Меѓународниот Универзитет во Струга“, модерен, европски универзитет, кој нуди современо образование за граѓаните на Република Македонија, како и за студентите од регионот.
Отворањето на овој универзитет е еден од најважните историски настани за градот, за Република Македонија, но и за Балканот. Овој Универзитет ќе им помогне на граѓаните на Струга, на македонскиот граѓанин и на граѓаните од регионот да ги остварат своите соништа; дополнително ќе ја развие Струга во „Стразбург на Балканот“.
Во рамките на Универзитетот има четири факултети на ниво на додипломски студии, и тоа: Економски факултет, Факултет за политички науки, Правен факултет и Факултет за информатичка технологија. Исто така, во рамките на Универзитетот функционираат два институти: Институтот за европеизам и меѓународна политика и Институтот за економски развој и еколошки менаџмент. Оваа формација го прави Меѓународниот универзитет во Струга високообразовен центар кој завршува сериозни научни истражувања.
Курсевите кои се спроведуваат на Меѓународниот универзитет во Струга се во согласност со најновите и најсовремени студиски програми. Овие програми се резултат на меѓусебната соработка помеѓу еминентни поединци и експерти во нивните области, луѓе кои доаѓаат не само од Македонија, Албанија и Косово, туку и експерти од цела Европа и САД.
Покрај тоа што Меѓународниот универзитет во Струга ги имплементира најновите образовни и наставни програми, тој работи и со високо квалификуван академски кадар и најеминентни експерти, луѓе кои се експерти во своите области – магистри и доктори на науки со високо научно знаење, искуства и достигнувања. Ова служи како гаранција за квалитетот на предавањата, ефикасен трансфер на знаење со цел да се создадат професионални и перспективни идни дипломци.
Во рамките на Универзитетот, освен додипломските студии (Бачелор), постојат и три акредитирани постдипломски програми. Лекторите на постдипломските студии се еминентни експерти од различни земји од регионот.
Наставниот процес на Меѓународниот Универзитет во Струга се одвива под најсовремени услови во модерни и опремени училници, богата библиотека со многу наслови на македонски, албански, англиски, француски, германски, италијански и турски јазик. Имаме и електронска библиотека во која има многу наслови кои зборуваат за општата национална ситуација во Македонија, Албанија, Косово, Балканот, Европа, евроатлантската област и меѓународните организации. Библиотеката нуди и наслови од областа на безбедноста, економијата, наслови кои презентираат различни цивилизации и процесот на интеграција воопшто, како и многу богат фонд на наслови за информатичка технологија. Универзитетот има и соби за релаксација.
Меѓународниот универзитет во Струга се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, една од најатрактивните локации на Балканот. Знаејќи го ова, несомнено можеме да потврдиме дека нашиот Универзитет ја има најмодерната и најубавата локација во регионот.
Најновиот предизвик во современиот свет е управување со човечките ресурси. Ерата во која живееме, целите и перспективите кои се стремиме да ги постигнеме се остварливи побрзо и подобро со способни, добро обучени луѓе како лидери, менаџери, администратори. Сите сме соочени со потребата за напредок; за да има напредок мора да се поседува врвен квалитет. Високиот квалитет бара создавање институции, на формираните институции им требаат добро обучени луѓе, за успешна обука потребни се модерни и современи капацитети – Ова е огромна визија и мисија на Меѓународниот Универзитет во Струга.
Почитувани граѓани, родители, наставници, професори и студенти, посетете ги нашите простории и станете дел од Меѓународниот Универзитет во Струга затоа што нашиот Универзитет ги остварува ветувањата, отвора нова и дава една многу важна перспектива во вашиот живот, ве стимулира да бидете креативен, активен, мотивиран, храбар добро обучен и напорен поединец подготвен да се соочи со светот.
Искрено Ваш,
Проф. Др. Шпетим Цами
Ректор на Меѓународниот Универзитет во Струга
Меѓународниот универзитет во Струга е високо квалификуван универзитет кој е целосно посветен на образованието и професионалниот развој на своите студенти. Меѓународниот универзитет во Струга низ своите додипломски и постдипломски студии од областа на маркетинг и финансиски менаџмент, дипломатија и меѓународни односи, информатичка технологија, правни науки, англиски јазик и комуникативни науки, нуди можност за поттикнување на интелектуалната љубопитност, рационално размислување, воведување на широк спектар на научни дисциплини и стручни области.
Меѓународниот универзитет во Струга има за цел да работи и да им помага на студентите преку употреба на креативни стратегии; најнова надградена технологија, нови наставни методи и практикување на теоретските знаења во секојдневниот живот. Нашите студенти се најдобар пример за мултиетничка меѓусебна соработка; тие се модел кој покажува како да се поврзат различните култури и ги почитуваат сите подеднакво.
Меѓународниот универзитет во Струга е посветен на глобален напредок, просперитет, диверзификација, општествена одговорност и локално функционирање. Неговата работа е насочена кон создавање на средина каде што студентите и кадарот ќе можат да ги усовршуваат и развиваат своите интелектуални и професионални таленти без никакво ограничување.
Академскиот и административен кадар на Меѓународниот универзитет во Струга е посветен на успешно остварување на неговата примарна цел – приклучување кон групата високи образовни институции од Југоисточна Европа. Универзитетот ќе се стреми да одржува пријателски односи со студентите преку интегрирање на системите на настава, менторство и научно истражување во една целина.
Меѓународниот универзитет во Струга е целосно посветен на образованието на своите студенти во делот на додипломските студии како и во делот на постдипломските студии. МУС е модерна образовна институција која е достоинствена со интелектуална и културна различност и нејзината основна цел е да придонесе во регионалниот развој; тоа е место каде што секој студент има можност да ги реализира своите желби и амбиции за развој и усовршување.
Универзитетот има за цел да обезбеди солидни основи на знаење, работни навики и вештини на своите дипломирани студенти, кои се неопходни за постигнување не само индивидуално, туку и социјално подобрување и развој во местото каде што живеат и работат.
Постојат шест главни цели на кои се базира стратешкиот план на Меѓународниот универзитет во Струга, а тоа се:
Создавање силен теоретски напредок.
Регрутирање, задржување и унапредување на администрацијата и академскиот кадар, поседувајќи извонредни вештини и способности.
Интегрирање и подигање на различноста преку кохезија на различни култури, како и развивање наставни програми и научно-истражувачки активности.
Создавање образовна средина која ги подготвува нашите студенти да бидат глобални граѓани.
Зајакнување на поддршката за регионален развој како и обезбедување на истражувачки активности кои ќе го подобрат тој развој.
Трајно подобрување и развој на квалитетот на наставниот процес, во однос на квалификациите на кадарот, како и на економските услови.