Кампусот и Градот

Струга, градот на поезијата, се наоѓа во југозападниот дел на Македонија. Градот лежи на северниот брег на Охридското Езеро. Низ градот минува реката Црн Дрим, која извира од езерото и го дели градот на два дела. Старото илирско име на Струга е Енхалон. Одличната локација на градот, пријатната клима, одличниот сообраќај кој го поврзува со многу различни места, прекрасните плажи и големиот број хотели околу езерото, заедно со археолошките локалитети, другите културни споменици ја прават Струга едно од местата најважни за туризмот, културата и образованието во Република Северна Македонија и пошироко. Едноставно не е можно да се посети Струга и да се остане рамнодушен на природните убавини што ги носат Охридското Езеро и реката Црн Дрим, како и старата архитектура и тесните улички со куќи со стари галерии.

Стружани и отсекогаш знаеле да примат гости од други земји. Знаат срдечно да ве пречекаат и ќе направат да се чувствувате како дома.

На Меѓународниот универзитет во Струга ќе најдете удобни услови за студирање и капацитети според највисоките современи универзитетски стандарди. Објектите на МУС се специјално дизајнирани за студенти кои избираат да студираат на нашата институција, бидејќи грижата за студентите е наша примарна цел. Студентите кои студираат на МУС имаат можност да присуствуваат на предавања, семинари и конференции во големи и модерни сали, опремени со аудио-визуелни помагала, со цел студентот да се чувствува поудобно и да биде подобро концентриран и фокусиран на предавањата и вежбите.

Меѓународниот Универзитет во Струга поседува и две големи компјутерски лаборатории, опремени со највисока модерна технологија, поврзани на интернет за студентите кои студираат на Факултетот за информатичка технологија. Овие лаборатории можат да ги користат и студентите од другите факултети, за извршување на нивните академски обврски како изработка на семинарски и научни работи, како и наставни проекти.