Признавањето на Дипломата

Бидејќи ностификацијата (признавањето) на дипломата е еден од најважните елементи на образованието, во продолжение ви ги наведуваме сертификатите на нашите студенти кои ги нострифицирале дипломите на МУС во различни земји во светот, со можност за вработување или продолжување на постдипломските студии во овие држави.

Студентите на МУС кои доаѓаат од различни земји во светот, по завршувањето на студиите ја добиваат својата диплома која е призната во повеќе земји во светот. За ова МУС е многу горд на своите студенти кои по нивното завршување во знак на благодарност комуницираат и не информираат за нивните кариери. Некои од тие студенти ни ја испратија документацијата која ја признаваат надлежните министерства на земјите каде што ги признале дипломите како Грција, Албанија, Швајцарија, Австрија, Србија, Косово, САД и многу други.

Признавањето на нашата диплома во САД е уште еден чекор кон унапредување на МУС на меѓународната арена, воедно е и сертификат за високиот квалитет на образованието на МУС.

Ова отвора нови можности за студентите да студираат и работат во САД, дури и под исти услови како и дипломираните студенти на американските универзитети.

Дипломите издадени од страна на МУС, освен што лесно се нострифицираат во многу земји во светот, им овозможуваат на студентите да ги продолжат своите студии на познати универзитети во други земји. Некои студенти на МУС успеаа да се запишат на најпрестижниот универзитет во Австрија – Универзитетот во Виена, кој датира уште од 1365 година. Тој е еден од најдобрите универзитети во Европа, каде што предавале 15 добитници на Нобелова награда. Уписот на додипломски и постдипломски студии на Универзитетот во Виена е достапен само за најдобрите студенти, кои доаѓаат од најдобрите универзитети во светот.