ФАКУЛТЕТИ
ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Дипломираните студенти по јавна администрација на Правниот факултет се стекнуваат со знаења од различни области, како правна, историска, политичка и економска, а истовремено ќе стекнат знаења од областа на Управното право и Јавната администрација.
За имплементација на оваа програма е ангажиран соодветен академски кадар од уставна и административна област. Студиите на студиската програма од прв циклус по Јавна администрација траат три (3) години. По успешното завршување на студиите студентот ќе се стекне со диплома за завршени додипломски студии: дипломиран од областа Јавна администрација.
Цели
Да ги подготви студентите за градење кариера во јавниот, невладиниот и приватниот сектор.
Развој на компетенции и управување со јавни институции, истражувачки институти, анализа на јавните политики, управување со човечки ресурси со непрофитни организации;
Создавање на нова генерација на компетентни и професионални администратори кои ќе одговорат на предизвиците на европската интеграција;
Истражување при изработка на студии од областа на имплементација на политики за економија, менаџмент во правосудството како и развој на културата за дејствување на практика и теорија;
Имплементација на современа институционална комуникација преку нови технологии;
Да се промовира критичко размислување над концептите во компаративната јавна администрација, со акцент на историските, социо-економските и социјалните компоненти на администрацијата.
Цели
Ангажирањето на студентите во истражувачки проекти им дава можност да се запознаат со секојдневните прашања, како и да ги развијат своите вештини за разбирање и пристапи за решавање на проблемот.
Типични вработувања, вклучувајќи амбасади и акредитирани конзулати во различни земји, амбасадори и како вработен кадар на амбасадите во различни земји, институции на ЕУ и Обединети нации, јавна администрација, централни институции (Влада, Претседателство и Парламент) совети за јавна администрација, разни меѓународни организации , аналитичар на меѓународните односи и други.
Работодавците очекуваат дипломираните студенти да обезбедат не само знаење и експертиза во дадената област, туку и силни лични вештини кои им се потребни за да бидат поефективни за институцијата каде што работат и дејствуваат.