ФАКУЛТЕТИ
МАРКЕТИНГ И ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ
Програмата за маркетинг и финансиски менаџмент обезбедува солидна основа во индустријата за маркетинг, сметководство и финансиски менаџмент. Примената на современи методи на настава и учење ги подготвува студентите да создадат убедливи и конкурентни вештини во областа на маркетингот. Финансиската анализа е од примарна важност во различните деловни операции и во сите сегменти на пазарот.
За реализација на оваа програма е ангажиран соодветен академски кадар од областа на економијата, подготвен да се справи со проблемите не само на домашниот пазар, туку и на глобално, уставно и административно поле. Студиите на студиската програма од прв циклус по маркетинг и финансиски менаџмент траат три (3) години. По успешното завршување на студиите, студентот ќе се стекне со диплома за завршени додипломски студии: диплома од областа Маркетинг и финансиски менаџмент.
Цели:
Преку развивање на предавања и вежби е наменета на студентите да им се даде јасна слика за различните области во работењето на компанијата и нивните меѓусебни врски на електронскиот и географскиот пазар.
– Студентите успеваат да стекнат искуство преку пракса и тимски проекти, во решавање на проблемите на реалниот пазар.
– На студентите да им се обезбеди основна наставна програма од областа на инвестициите, теориите на финансискиот менаџмент, пазарите и финансиските институции.
– Да се подготват студентите за конкурентност во кариерата во глобалниот бизнис.
Цели:
– Главната цел е да се опреми студентот со потребното знаење за најважните теми од маркетинг и финансиски менаџмент, за да може да ги разбере и толкува финансиските информации и да донесе соодветни одлуки врз основа на извештаите за нивното управување и функционирање.
– Да понуди технолошки практики во областа на бизнисот, вклучително и е-трговија, однесување на потрошувачите, истражување и финансиска анализа на пазарите.
– Да се обезбедат можности за професионализација на знаењата и вештините во областа на професионалната продажба, развој на нови производи, маркетинг комуникација и промоција.