ФАКУЛТЕТИ
ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ
Факултетот за политички науки во насоката Меѓународни односи и дипломатија нуди научни, рационални и современи студиски програми на додипломски, постдипломски и докторски студии, како и стручни знаења и практични вештини од областа на политиката, меѓународните односи и дипломатијата. Студиските програми се базирани на современи методи на настава и учење. Како дел од академскиот кадар се високи професионални докторски профили, дипломати, со регионално и меѓународно искуство, познати правници и експерти за регионални и меѓународни организации.
Студиската средина е удобна и пред се модерна. Пејсажот служи како дополнителна предност со оглед на фактот дека Универзитетот се наоѓа на брегот на прекрасното Охридско Езеро.
Успешните предавања и обемното научно истражување не само што се резултат на соработката помеѓу Меѓународниот универзитет во Струга и Албанската дипломатска академија (членка на Меѓународниот форум за дипломатска обука, со седиште во Виена), туку и резултат на соработка со други образовни и културни институции и универзитети од Република Македонија и од регионот.
Со почит,
Проф.д-р Шпетим Цами