ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ

Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга е ориентиран да создаде меѓународен образовен контекст и наставна програма и има за цел да стане лидер во образовниот процес не само во Македонија, туку и во регионот.

Имаме јасна визија и една од нашите цели е да воспоставиме општество со високи стандарди.

Мотивирани од желбата да станеме дел од светските образовни институции, следејќи ги нивните стандарди, Економскиот факултет нуди додипломски студиски програми по англиски јазик, во соработка со нашите реномирани партнери, Американскиот универзитет Херитиџ и Лондон Сити Колеџ. Ова е одлична можност за студентите бидејќи ќе добијат двојна диплома од Економскиот факултет на МУС и диплома од горенаведените институции.

Во однос на работата на Економскиот факултет, многу е важно да се спомене дека главен акцент е даден на современата соработка меѓу академскиот кадар и студентите. Во реализацијата на оваа цел помагаат не само квалификуваниот академски кадар, туку и Вие како наши идни студенти на додипломски и постдипломски студии, како и партнерите кои не поддржуваат да го реализираме образовниот процес и научните истражувања.

Со почит,

декан на Економскиот факултет

Доц.д-р Газменд Беши